У-19: Македонија носител пред Англија, Франција...

Фудбалската репрезентација на Македонија, играчи до 19 години, која се пласира во елитните квалификации за пласман на Европското првенство, наредното лето ќе се игра во Финска.
Избраниците на Вујадин Станојковиќ во квалификациската група запишаа максимални три победи: Швајцарија (2:1), Белгија (2.1) и Лихтенштајн (6:0). Овие резултати на талентираните македонски репрезентативци им донесоа повластен статус на ждрепката, односно тие ќе бидат во групата на носители заедно со репрезентативците на Шпанија, Португалија, Германија, Чешка, Романија и на Данска.
Во вториот барабан се Англија, Италија, Украина, Австрија, Франција, Република Ирска, Холандија.
Во третиот Словачка, Норвешка, Шведска, Грција, Белгија, Унгарија, Турција, а во четвртиот Србија, Косово, Полска, Бугарија, БиХ, Латвија, Шкотска.
Групите ќе бидат извлечени на 6 декември, а за пласман на Европското првенство повторно ќе се играат турнири од четири репрезентации, кои најдоцна ќе треба да се организираат до 20 мај в година.
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
