Балкан
8. August 2023 - 21:08

Уапсен 19 годишникот кој со нож уби грчки навивач

Како што јавуваат хрватските медиуми, повикувајќи се на грчки и албански медиуми, осомничениот, 19-годишниот хрватски хулиган, за убиството на навивач на АЕК во Атина е приведен на границата со Албанија.

Наводно се обидел да побегне со автобус, но грчката полиција го уапсила на граничниот премин Какавија, јавува грчка То Вима.

На истиот премин биле запрени уште десет Хрвати и се разговара дали ќе бидат приведени или ослободени, јавува албански Топ Чанел. Додаваат дека уапсениот осомничен за убиството е 19- годишниот Домагој Пезер од Загреб.

Уапсени се уште седум навивачи на Динамо. Се обиделе да побегнат од Грција, а во комбето со кое патувале биле пронајдени ножеви и палки.