УХМР: Овогодинешниот јуни постуден и екстремно дождлив
Месец јуни 2023 година, се карактеризира како постуден и екстремно врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираше Управата за хидрометереолошки работи, согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државава.
- Средномесечната температура изнесуваше 13,5 степени во Лазарополе до 23,1 степени во Гевгелија. Споредено со просечните јунски температури за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната температура изнесуваше потпросечност за 0,5 С на ниво на државава. Средната максимална температура варираше од 19,6 степени Целзиусови во Лазарополе до 30 степени во Гевгелија. Забележани се високи максимални температури во периодот на 22 Јуни во Гевгелија каде што темперетатурата изнесувала 35,1 степен, соопшти УХМР.
Како што се наведува во соопштението, средната минимална температура варираше од 8,6 степени Целзиусови во Лазарополе до 16,8 степени во Гевгелија во однос на средномесечната температура, којашто изнесуваше 13,5 степени Целзиусови во Лазарополе до 23,1 степен .Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 19-ти Јуни и изнесуваше 4,8 степени Целзиусови
-Во јуни, месечната сума на врнежи во државата варираше 19,5 милиметри во Скопје до 174,5 милиметри во Берово. Врнежите беа од дожд и град, а максимално дневно количество на врнежи од 53,4 милиметри беше регистрирано во Берово на 25 јуни. Споредено со јунската просечна вредност за многугодишен период, измерената месечна сума на врнежи беше 41 милиметар или 88 отсто натпросечна на ниво на држава, посочуваат од УХМР.
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата