УЈП: До 30 април ќе биде доставена претпополнета Годишна даночна пријава за 2018 година
На 30 април истекува крајниот рок за доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година до граѓаните од страна на Управата за јавни приходи (УЈП), а активноста за генерирање и доставување на претпополнета Годишна даночна пријава е во тек. Даночните обврзници – физички лица кои се регистрирани на системот „е-Персонален данок“ преку своите кориснички профили може да извршат увид во Годишните даночни пријави, информира УЈП.
-Граѓаните имаат можност најдоцна до 31 мај да ја потврдат или коригираат претпополнетата Годишна даночна пријава. До истекот на крајниот законски рок, граѓанинот може да го менува статусот на пријавата, односно да ја потврдува или коригира. По истекот на законскиот рок, односно на 1 јуни, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана велат од УЈП и додаваат дека на 1 јуни службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави, кои не се ниту потврдени, ниту коригирани од страна на граѓанинот.
Годишната даночна пријава која граѓанинот ја коригигирал, а добила статус на конечна даночна пријава, порачуваат, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи.
-Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година, прецизираат од УЈП.
Од Управата апелираат граѓаните кои оствариле приходи, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, тоа да го сторат во најкраток можен рок.
Ново на Сител
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение