ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат СДСМ да го исполни ветеното
Граѓаните очекуваат лидерот на СДСМ да го исполни ветувањето и да ја внесе Република Македонија во ЕУ и НАТО што е можно побргу без притоа да задира во идентитетските прашања и да прави договори кои ќе бидат на штета на македонскиот народ, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите.
- Зоран Заев навечер најавува дека ќе стори се за да ги подобри односите со Грција и да ги убеди јужните соседи да престанат да ги блокираат евро-атлантските интеграции на Република Македонија, а веќе следниот ден во телефонски разговор од грчкиот премиер Алексис Ципрас добива повторување на грчките црвени линии, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Се посочува дека досегашните чекори на новата влада се антиреформски и не носат никаква дополнителна вредност на граѓаните и се сведуваат на најави за уривање, блокирање и укинување.
- Со отпочнување на процедурата за смена на Јавниот обвинител, Заев нема да придонесе за исполнување на ветувањето за 5 процентен годишен раст на БДП. Со закани кон Jавното обвинителство и судската власт за неуставен реизбор на судиите нема да помогне побргу да се изградат ветените нови 500 километри автопат. Граѓаните очекуваат минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ добро е што Заев ги продолжува проектите на ВМРО-ДПМНЕ и со 76 милиони евра од буџетот ги исплаќа субвенциите за земјоделците, покачените пензии и стипендии.
Ново на Сител
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Грабеж на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале
-
„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички во наредните 20 години
-
Електродистрибуција: Секој корисник има право да побара корекција на фактура
-
Туск: Европа може да победи во секоја конфронтација со Русија
-
Наутро постудено, преку ден топло со температури до 23 степени