ВМРО-ДПМНЕ: Пакетот на мерки против КОВИД е задоцнет и неефикасен
Пакетот на мерки против КОВИД е задоцнет и неефикасен. Каква влада, такви мерки против КОВИД, неефикасни и дискриминаторски
Сега Заев и Филипче се занимаваат со последиците од короната, а причините за ова денес е целосното игнорирање на проблемот и ненавремената имунизација. Трката по провизии, наместо трка по вакцини придонесе Македонија денес да собори уште еден неславен рекорд а тоа е на врвот на листата на заразени.
ВМРО-ДПМНЕ апелира на вакцинација, но го почитуваме правото на останатите кои мислат спротивно и владата нема право да го ограничува нивното право и слобода на избор.
Владата нема да може да ги спроведува нејзините мерки еднакво. За едни тие ќе важат, за други не.
Народот не треба да се плаши, и повторно корона кризата да се претвора во ПР војна на влевање на страв, туку на разумни одлуки кои ќе дадат резултати. Потребни се стимулативни мерки, а не казни.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис