ВМРО-ДПМНЕ: Власта прави грабеж на народот со нови даноци, такси и давачки
Буџетот е во ужасна состојба штом владата на Заев воведува нови даноци и такси. После најавената зелена такса на горивата, сега најавуваат и нов зелен данок, што ќе удри директно по џебот на народот.
Оваа мафија на власт нема врска со никаква зелена агенда, нив ги интересира само како под прикритие на зелени давачки, такси и даноци, да исцицаат повеќе пари од народот, за потоа да ги трошат за мебел, службени возила, хонорари или матни тендери кои одат кај фирмите блиски до власта на Заев.
Новата такса на горивата во висина од 4 денари по литар гориво, која тие сакаат да ја претстават како зелена, а всушност е кризен данок и дополнителниот зелен данок се грабеж на стопанството и граѓаните.
Изминатите 4 години потрошија 4 буџети од околу 15 милијарди евра, ја задолжија државата за нови 2,4 милијарди евра и долгот го искачија на неверојатни 7 милијарди евра и пак ништо не направија. Тие се неспособни и неодговорни во трошењето на народни пари и затоа и овие нови даноци кои им ги наметнуваат на граѓаните не смеат да поминат.
„Зелениот“ грабеж кој го прави власта на Заев нема врска со екологија, туку има врска со криминалот на оваа клика на власт.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ливерпул го доби дербито со Сити, Салах продолжува со историски достигнувања
-
Фудбалерот на Фиорентина, Кин кој колабира на натпреварот против Верона е во свесна состојба
-
Мицкоски и ја честита на ЦДУ изборната победа во Германија
-
Мерц ја доведе во прашање иднината на НАТО во неговата „сегашна форма“
-
Макрон ќе се сретне со Трамп во Белата куќа за разговори за Украина
-
ДПА: Повеќето герамански гласачи се за коалиција меѓу конзервативците и СПД
-
Законските измени за сметководителите денеска пред пратениците
-
Oблачно со услови за дожд