Во Грција родено дете од тројца родители

Машко дете тешко 2,9 килограми е родено во Грција, кои во суштина има тројца родители.
Бебето и мајката, која досега имала четири неуспешни ин витро зафати, се во добра здравствена состојба.
Грчки и шпански и лекари информираа дека во овој случај се користени клетки од три лица, односно јајце-клетка од мајката, сперма од таткото и уште една јајце-клетка од жена донатор. Претходно тој зафат е извршен само еднаш и тоа кај семејство од Јордан.
Други доктори и научници пак, веќе ја оценија оваа процедура како „етички спорна“ и дека не треба да се применува.
Идејата, меѓу другото, е и да се избегнат митохондријални заболувања, кои се пренесуваат од мајката на бебето, објаснуваат докторите. При зафатот се комбинираат ДНК на мајката со митохондриите на дарителката и така се спречуваат генетички болести.
Претпоставките говорат и дека митохондриите можеби имаат удел и во успешноста на бременоста, но тоа сè уште не е доволно истражено.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
