Во Маврови Анови измерени - 3 степени, преку ден слаб дожд, ноќеска снег
Најстудено утрово беше во Маврови Анови каде се измерени - 3 степени, на Попова Шапка - 2 и во Крива Паланка - 1 степен, во Виница и Тетово се измерени еден степен, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Берово и Прилеп два степени, Скопје-Петровец, Велес и Кавадарци три степени, во Битола, Демир Капија и Крушево четири степени, во Гевгелија пет додека во Охрид и Претор седум степени.
Најмногу снег има на Попова Шапка 36 сантиметри, додека во Маврови Анови 21.
Времето во текот на ноќта беше променливо облачно, во западните и северните делови со повремени слаби врнежи од дожд. Утрово во северните делови на планините и на повисоките места врнежите беа од слаб снег. Дуваше слаб до умерен, наместа засилен ветер од северен правец.
Времето денеска е претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка. Максималната температура ќе достигне од 2 до 10 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд, во повисоките делови од котлината слаб снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се интензивираат и ќе преминат во снег, па до изутрина ќе се формира снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот