-->
-->
Во Полска повеќе од два милиони бегалци од Украина
-->
– Од почетокот на војната во Украина од оваа земја во Полска побегнале околу 2.057.114 лица, соопшти синоќа полската гранична полиција.
Во саботата границата ја минале 23.200 луѓе, објави на Твитер полската гранична служба, што е за 2,1 отсто повеќе од петокот.
Дел од пристигнатите во изминатите три недели веќе ја напуштиле Полска, а според проценките на експертите за миграција од Универзитетот во Варшава, во оваа земја остануваат уште најмалку 1,1 милион украински бегалци.
Повеќето од нив се упатиле кон големите градови, главно Варшава и Краков, чии официјални лица изјавија дека го достигнале максималниот капацитет за нивен прием, јави Би-Би-Си.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Дали членовите на Судски совет ќе си поднесат оставка ако им биде изгласана недоверба?
-
Измените на Кривичниот законик пред Уставен
-
Општините повторно може да аплицираат за пари од државата за инфраструктурни проекти
-
За поголема безбедност во сообраќајот, Штип го имплементира проектот “Save city”
-
Тренд на интелектуална миграција