Во прекин веб-страниците на неколку германски аеродроми
Веб-страниците на седум германски аеродроми денеска се во прекин најверојатно поради кибер напад, соопшти здружението на аеродроми АДВ во Германија.
Наводниот напад бил извршен ден по големиот ИТ дефект во Луфтханза, поради што илјадници патници не пристигнале на посакуваните дестинации.
Не функционираа веб-страниците на аеродромите во Дизелдорф, Нирнберг и Дортмунд, додека веб-страниците на најголемите германски аеродроми во Франкфурт, Минхен и Берлин работат нормално.
Извршниот директор на АДВ, Ралф Бејсел, рече во изјавата дека веб-страниците на седум аеродроми, за кои рече дека биле цели на големи напади за одбивање на услугата (DDoS), привремено биле во прекин со работа.
„Според информациите што ги имаме досега, другите системи не се погодени“, рече Бејсел.
Ново на Сител
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Уапсени двајца 18-годишници во Скопје за палење огномет во денови на жалост
-
Семејствата добиваат поддршка
-
19 годишниот Јован од Виница успеал да спаси многу млади животи од катастрофата во дискотеката во Кочани
-
Коцевски: Сите закони и прописи постоеле на хартија, но речиси ниту еден не се применувал
-
Затворени уште два локали во Тетово, контролите продолжуваат