-->
-->
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-->
Вработените во Фондот за здравство утре во 11 часот излегуваат на протест, дознава Сител. Причина за незадоволството кај работниците е неусогласувањето на платите со растот на минималецот. Информацијата ја потврди претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски.
„Имаме 3 барања: усогласување со минималната плата, да се донесе вредносен бод и да се зачуваат тие плати што ги имаат вработените и веднаш да се разреши целиот управен одбор на фондот, да се донесат нови членови кои веднаш ќе заседаваат и ќе донесат одлука со која ќе се заштитат вработените во фондот за здравство“, вели Деаноски за Сител.
Ако протестот не вроди со плод, тогаш ќе се активира и штрајк.
Мартин Арсов
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра