Вработените во „Комунална хигиена“ се враќаат на работа, СУТКОЗ ќе продолжи институционално да ги бара правата
Втората смена на Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“ денеска ќе започне со работа, изјави денеска претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски.
Како што информираше Кашиковски за МИА, одлуката е во интерес на граѓаните, а со оглед на најавите за високи температури.
- Одлуката e во интерес на граѓаните и со оглед на најавите за високите температури, вработените во Комунална хигиена ќе почнат со работа. Веќе втора смена денеска ќе излезе на терен, а ние институционално ќе си ја тераме работата. Не треба поради нечија одговорност граѓаните да трпат, рече тој по средбата на претставниците од СУТКОЗ, синдикатот во кој спаѓаат и вработените во Комунална хигиена со претставници од Извршниот одбор на комуналното претпријатие.
Вработените во „Комунална хигиена“ вчера протестираа пред претпријатието барајќи поголема плата и враќање на отпуштените работници, а поради нивниот протест град Скопје деновиве остана затрупан во ѓубре преполни контејнери.
Ново на Сител
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија