Втор круг од Локалните избори во општините Битола и Демир Хисар
Во пелагониските општини Битола и Демир Хисар почна вториот круг од Локалните избори каде согласно закон денес гласаат болни или немоќни лица, лица сместени во старски дом и лица во куќен притвор.
Општинската изборна комисија од Битола информира дека за гласање пријавени се 161 лице кои се болни или немоќни, 19 лица кои се во домашна изолација инфицирани од Ковид-19, право на глас имаат и 61 лице сместени во Дом за стари лица, како и три лица кои се во домашен притвор.
-Оштинската изборна комисија го набљудува и процесот на гласање во битолскиот затвор каде може да гласаат 61 затвореник, изјави Игор Талевски, претседател на ОИК-Битола.
Вториот круг на гласање почна и во Општина Демир Хисар каде се регистрирани 341 болно и немоќно лице, како и 13 лица кои се во домашна изолација инфицирани од Ковид-19. За сите пријавени обезбедивме непречено остварување на правото на глас, потврди Благојче Брсаковски, претседател на ОИК-Демир Хисар.
Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
