Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва
Активни забрани за тешки товарни возила попладнево има на патните правци Гостивар - Маврово - Дебар, Гостивар - Стража - Кичево, Струмица - Берово, како и на планинските премини Плетвар, Пресека и Ѓавато. Покрај забраната за движење на автобуси и товарни моторни возила на патниот правец Тетово - Попова Шапка, за останатите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема, покажуваат информациите од Авто-мото сојузот од 18 часот.
Укинати се забраните за тешки товарни возила на патните правци Делчево - граничен премин „Делчево“ и Струга - граничен премин „Ќафасан“.
-Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенцијата на дежурните екипи на Јавното претпријатие „Македонијапат“. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ целата држава, се наведува во соопштението на АМСМ.
Ноќва се очекува да има повремени врнежи од снег, што ќе престануваат во доцните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а можна е и појава на голомразица и снежни наноси.
Утре се очекува да има повремени врнежи од снег, претежно со слаб интензитет во западните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури се очекува насекаде да бидат негативни.
Според синоптичарите, во следните денови ќе преовладува стабилно и студено време, со ниски утрински температури што поради разведрувањето, дополнително ќе опаднат и наместа ќе се спуштат под -10 степени. Од средината на неделата ќе има услови за појава на утринска магла.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО