Заев: До крајот на оваа година минималната плата да биде 18.000 денари
Никогаш ама никогаш порано не се инвестирало толку во општините и тоа со рамномерна грижа за сите општини и за секој регион. За само 4 години изградивме 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, 20 домови на културата, театри, општински згради, наследивме општини заглавени во долгови, без визија за иден развој, но веднаш започнавме со нивна промена кон добро и работиме на Најдоброто, порача претседателот Зоран Заев на вчерашната трибина во Виница.
Заев истакна дека покрај инвестирање во локалниот развој, се инвестирало и во човечкиот капитал преку зголемување на платите и пензиите и порача дека освен менување на методологијата за покачување на пензиите што ќе доведе до поголем раст на пензиите, до крајот на годината, повторно ќе се зголеми и минималната плата.
„За четири години просечната плата ја зголемивме за 6.300 денари. Порано минималната плата беше од осум до девет илјади денари а денес таа изнесува 15.200 денари, со тенденција, до крајот на оваа година, за два и пол месеци отсега, таа да биде 18.000 денари. Да се донесе ваква одлука е потврда дека економијата се движи во добар правец“ заклучи Заев.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o