-->
-->
Зеленски: Санкциите за руската нафта значително ќе влијаат на руското финансирање на војната
-->
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави новите американски санкции против рускиот нафтен сектор и нејзината таканаречена флота на танкери во сенка.
„Овие мерки нанесуваат значителен удар врз финансиските основи на руската воена машинерија со нарушување на целиот синџир на снабдување“, рече Зеленски на платформата X.
Тој изрази благодарност за британските санкции наметнати на руските нафтени компании, велејќи дека Лондон „придонесува за нарушување на способноста на Путин да ја финансира агресија“.
„Ги цениме континуираните напори на Обединетото кралство да ги опструира операциите на руската флота во сенка, кои остануваат клучен дел од нејзината трговија со нафта“, напиша тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот