Македонија
12. August 2016 - 21:10

Жителите на Смилковци добија вода и струја

Во населеното место Смилковци кое беше погодено од силното невреме во саботата попладне, целосно исчистени се три улици, додека четири делумно и нивната санација е во тек.

При денешната посета на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Смилковци, Никола Груевски беше истакнато дека водата е испумпана од куќите, а се работи на чистење на сметот и отстранување на угинатиот добиток.

Екипи од Комисијата за проценка на штети се на терен и во ова населено место.

Жителите на Смилковци се благодарни и задоволни од брзата санација, како и од фактот дека имаат вода и струја.