Бајден ја откажа посетата на Италија поради катастрофалните пожари во Калифорнија
Претседателот на САД Џо Бајден ја откажа планираната посета на Италија поради пожарите што беснеат во Лос Анџелес, соопшти Белата куќа.
– По враќањето од Лос Анџелес, каде што се сретна со полицијата, пожарникарите и тимовите за итни случаи кои се борат со историските пожари во тој регион, претседателот Бајден одлучи да ја откаже својата претстојна посета на Италија, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Пожарите, поттикнати од силни ветришта и сува вегетација, се проширија на делови од северен и северозападен Лос Анџелес. Најмалку пет лица загинаа, а уништени се повеќе од 1,000 објекти.
Според проценките, штетата предизвикана од пожарите изнесува меѓу 52 и 57 милијарди долари. Главниот метеоролог на AccuWeather, Џонатан Портер, ги опиша пожарите како „катастрофа од огромни размери“.
Околу 1,5 милиони луѓе во јужна Калифорнија останаа без електрична енергија, а десетици илјади беа евакуирани од своите домови. Пожарите се проширија и на познатата населба Холивуд Хилс.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот