Џон Кери ќе го посети аеродромот Завентем во Брисел
Американскиот државен секретар Џон Кери денеска ќе ја посети Белгија, каде ќе биде пречекан од белгискиот премиер Шарл Мишел и од вицепремиерот и шеф на белгиската дипломатија Дидје Рејндерс.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, предвидено е Кери да го посети и Националниот аеродром „Завентем“, каде пред три дена беше извршен еден од двата терористички напади во кои вкупно загинаа 31 лице, а над 300 беа ранети.
Според најавите, Кери доаѓа во Белгија да го изрази своето „длабоко сочувство“ по терористичките напади во вторникот, а предвидено е тој да се сретне и со претставници на институциите на Европската унија во белгиската престолнина, како и в болница да ги посети американските државјани кои беа ранети во терористичкиот напад.
- Кери ќе ја повтори силната поддршка на САД на белгиските напори во истрагата за нападите. Белгија и САД ќе продолжат да придонесуваат во меѓународната борба против насилниот екстремизам, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби, најавувајќи ја денешната посета на Кери на Белгија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот