Македонија
4. January 2020 - 18:55

И вечерва Македонија се гуши - еве каде е најзагадено

Македонија и вечерва се гуши! Мерните станици за квалитет на воздухот покажуваат дека загадувањето е енормно.

Во моментот најзагадено е во Лисиче. ПМ 10 честичките се на високи 463 микрограми на метар кубен.

Потоа е Струмица со 371 микрограми на метар кубен, Ректорат со измерени 353 ПМ 10 честички, а високо ниво на загаденост се измерени и во скопски Карпош со 315 ПМ 10 честички, Тетово 314 и Гостивар со 291 ПМ 10 честички на метар кубен.