Изаири: Потребни се реформи во системот на управување со отпад
Со воведување на реформи во системот на управување со отпад, ќе се овозможи здрава животна средина и здрави поколенија, ова денеска го истакнал министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, на средбата со градоначалниците на Источниот и Североисточниот плански регион.
На средната, како што соопштија од Министерството за животна редина и просторно планирање, било разговарано за два проекти финасирани во рамките на ИПА програмата: „Подготовка на техничка и тендерска документација за затворање на диви депонии во Источниот и Североисточниот регион“ и “Подготовка на технички спецификации за набавка на опрема за собирање и транспортирање на отпад во Источниот и Североисточниот регион“.
Врз основа на проценката направена за првиот проект, на состанокот засегнатите страни отвориле дискусија за затворање, рехабилитација и одржување на несодветните депонии и нелегалните ѓубришта во Источниот и Североисточниот регион.
-Подготовката на технички спецификации за набавка на опрема за собирање и транспортирање на отпад во Источниот и Североисточниот регион, е во тек и се планира да се реализира во 2016 година, се вели во соопштението на Министерството.
Според предвидената динамика, општините од овие региони до крајот на септември 2015 година треба да донесат одлуки за привремено отстранување на комуналниот отпад, кои ќе бидат на сила се до изградбата на новите депонии. Дел од општините, како што велат надлежните, треба да донесат одлуки за прифаќање на комуналниот отпад од други општини во нивните депонии, додека останатите совети на општини треба да изгласаат остранување на отпадот во депонии кои се надвор од нивното подрачје.
Ново на Сител
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики