Курц: ЕУ нема да ја решат бегалската криза место нас
ОН нема да ја решат бегалската криза во Европа, туку тоа мора да го стори ЕУ, која ќе треба да воспостави нов систем за азил, оцени австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.
Како што објави денеска весникот „Естерајх“, Курц нагласил дека за време на заседанието на Генералното собрание на ОН минатата недела била создадена свест дека проблемот со бегалците е сериозени и дека тој не е само европски, туку глобален.
- Меѓутоа ОН нема да ја решат кризата место нас. Тоа мораме да го сториме ние во Европа. Мораме да воспоставиме целосно нов систем за азил, вели Курц во ијзава за весникот.
Споре него, потребна е посилна заштита на надворешните граници на ЕУ и помошта да се засили на лице место, со што, на пример, барањата за азил би можеле да се поднесуваат во центрите на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) во земјите од каде доаѓаат имигрантите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот