Левица: Задолжителното осигурување на посевите е уште еден удар врз индивидуалниот земјоделец
Владата на Република Македонија најави дека во тек е изработка на Закон за задолжително осигурување на земјоделските посеви, добитокот и пчелните семејства, како услов за земјоделците да си ги земат субвенциите од страна на државата.
Како и многу пати досега, оваа Влада се оградува од своите задачи, обврски и одговорности, па истите ги префрла на товар на индивидуалните земјоделци
Задолжителното земјоделско осигурување нема да спречи појава на град, суша, поплава и други непогоди, туку нив ќе ги спречат ефикасни градобијни системи, квалитетна мрежа за наводнување и одводнување, односно исчистени канали во полињата.
Во услови кога во светот цената на храната од ден на ден е се поскапа, кога нејзината количина е лимитирана, должност на Владата е да им помогне на земјоделците слободно да произведуваат и со превентивни мерки го заштити производството на храна, а не да ги уценува со задолжително осигурување како услов за исплата на субвенции.
Левица согледувајќи ги маките со кои се соочува работниот народ и земјоделците, во својата програма има предвидено низа превентивни мерки од временски непогоди како: инсталирање на модерни градобијни системи, модернизација на мрежите за наводнување со инсталации на системи ‘капка-по-капка’ за економично ракување со водата и инвестиции во антифрос системи.
Програмата на Левица предвидува и задолжително пензиско и здравствено осигурување на земјоделците кое ќе биде на товар на државата.
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови