Откажан 41 лет поради активирање вулкан на Аљаска

Авиокомпанијата „Аљаска ерлајнс“, со седиште во Сиетл откажа вчера 41 лет поради големиот облак од вулканска пепел, која ја исфрла вулканот Павлоф.
Вулканот се активираше во неделата попладне, а до понеделник изутрината облакот се прошири североисточно на повеќе од 400 милји во внатрешноста на Аљаска.
Вулканот е еден од најактивните на Аљаска и се наоѓа на 625 милји југозападно од Анкориџ, најголемиот град во сојузната американска држава.
„Аљаска ерлајнс“ соопшти дека денеска ќе обнови 54 од своите летови, доколку има подобрување на условите.
Националната метеролошка служба издаде предупредување до жителите на Аљаска, кои живеат во регионот на вулканот, дека населбите можат да бидат покриени со вулканска пепел, доколку се промени насоката на ветерот, како што се очекува. Предупредувањето важи за три населени места северно и источно од вулканот.
Ново на Сител
-

СДСМ: Банкарот на Вучиќ станал банкар на Мицкоски
-

Родовата еднаковст како европски стандард
-

Електронски ќе се вадат потврдите за царински долг
-

Странските студенти на УГД го менуваат фокусот, информатика пред медицина
-

Подготовки за Свети Никола во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Новогодишна елка ќе има, плоштадот ќе се украсува од понеделник
-

Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
