Пожар во атарот на општина Карбинци, опожарени две вили
Две вили се опожарени од кои едната и целосно изгоре во големиот пожар во атарот на општина Карбинци. Пожарот е почнат пред околу еден час, но поради ветерот зафатена е голема површина на земјоделско земјиште и култури, а во опасност се доведени и објекти.
Градоначалникот на Општина Карбинци Јордан Насев за МИА вели дека од едната вила евакуирано е едно лице со инвалидитет. Пожарот се шири брзо поради ветерот и веќе е пристигнат кај препумната станица за вода во близина на село Радање.
Насев вели дека е ангажирано месното население кое им помага на штипските пожарникари кои веднаш се јавиле и дошле на опожарениот дел. Проблем им создаваат одредени шумски појаси каде што се издигнуваат пламени по неколку метри.
Засега никој не коментира која е причината за овој голем пожар во општина Карбинци.
Инаку, ова е веќе трета голема огнена стихија во општина Карбинци за речиси еден месец. Пред повеќе од половина месец изгореа 300 хектари житни култури, овошни и лозови насади.
Ново на Сител
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар
-
Ќе се откаже ли државата од придонесите за повисок минималец?
-
Инвесторите во ТИР зоните имаат потреба од стручен кадар
-
Најава за разрешување на одборот пред главната карневалска ноќ во Струмица