-->
-->
Путин телефонски разговарал со Трамп
-->

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
Разговорот бил на иницијатива на руската страна и траел околу час и половина.
Путин одлучно го осудил обидот за атентат врз претседателот на САД и изразил поддршка за американскиот лидер.
Лидерите разговарале за ситуацијата во Иран и Персискиот Залив, пренесува Спутник.
- Русија ги продолжува активните контакти со Иран и земјите од Персискиот Залив, Израел и САД – наведе Ушаков и додаде дека Путин смета дека е правилно да продолжи режимот на прекин на огнот бидејќи тоа ќе придонесе за стабилизација на ситуацијата.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
