СДСМ: Оддавањето почит на Левица на гробот на Енвер Хоча е потсетник дека се радикално вљубени во режим
Оддавањето почит на партиска делегација на Левица предводена од нивниот претседател, на гробот на Енвер Хоча е само потсетник за тоа колку оваа партија е радикално вљубена во режим.
Левица е иста како ВМРО-ДПМНЕ. Воспева тоталитаристички лидер кој својата земја со децении ја има затворено, уназадено и меѓународно изолирано.
Левица е радикална партија поддржувач на авторитарни режими и во тоа е иста како ВМРО-ДПМНЕ, партијата која и сама имаше инсталирано режим во нашата држава.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица се лицето и опачината на ретроградните елементи на политичката сцена во Македонија. Затоа се единствените кои се против европската иднина на државата и затоа секојдневно се натпреваруваат во тоа кој ќе има порадикални и поекстремни ставови.
Поради таквиот меѓусебен однос, Христијан Мицкоски ја доведува ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на Апасиев и Левица.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

СДСМ: Банкарот на Вучиќ станал банкар на Мицкоски
-

Родовата еднаковст како европски стандард
-

Електронски ќе се вадат потврдите за царински долг
-

Странските студенти на УГД го менуваат фокусот, информатика пред медицина
-

Подготовки за Свети Никола во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Новогодишна елка ќе има, плоштадот ќе се украсува од понеделник
-

Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
