СДСМ: Отворени се перспективите, 2019 ќе биде година на интеграција, економски раст и повеќе пари кај граѓаните
Со усвојувањето на уставните измени, Македонија отвори нова, светла страница на иднината, стабилноста, безбедноста и економскиот напредок.
Спроведувањето на Договорот од Преспа ги отвори перспективите, процесите за членство во НАТО и ЕУ се во финална фаза.
Македонија станува 30 земја членка на НАТО, а во оваа 2019 година, се очекува и почеток на преговорите за членство во Европската Унија и отворање на првите поглавја.
2019 ќе биде година на интергација, но и година на економски раст и развој и повеќе пари кај граѓаните.
Предвидено е уште едно зголемување на минималната плата, што значи повеќе пари кај работниците, кај семејствата.
Платите ќе растат во сите сектори, вработените во здравството, образованието, детската и социјална заштита, одбраната, судството, полицијата добиваат поголеми плати за 5 отсто, а преку зголемената помош за претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор.
Оваа година се воведува уште една клучна мерка, граѓаните ќе добиваат поврат на ДДВ од 15 отсто за купените производи или платените услуги, со што во секое семејство ќе се обезбеди дополнителен годишен приход.
Реформираниот систем на социјална заштита, ќе обезбеди лицата приметли на социјална помош да добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош, а ќе се зголеми и опфатот на деца кои ќе добиваат детски и образовен додаток.
Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат напредок, интеграција, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден