Собранието треба да ја продолжи расправата за Националната стратегија за спречување на корупцијата
Собранието денеска ќе ја продолжи 32-та седница на чиј дневен ред е расправата по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интерес 2021-2025.
Расправата по предлог стратегија пратениците ја почнаа вчера.
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, пред пратениците, посочи дека петгодишната Национална стратегија што ја изработи ДКСК е прв документ од областа на борбата против корупцијата што се усвојува на највисоко ниво, и во него се детектирани 12 секторски приоритетни проблеми меѓу кои правосудството, медиумите, вработувањето во јавниот сектор, процесот на јавни набавки, спроведувањето на надлежностите во јавниот сектор…
-Успешната антикорупциска политика е дел и од процесот на евроинтеграции, а стратегијата е темел за унапредување на законската рамка и преземање на реформски активности. ДКСК примени широк, инклузивен и транспарентен процес во подготовката и изработката на стратегијата со учество на претставници на државни органи, институции, здруженија, фондации, приватен сектор, медиуми, но и претставници од Делегацијата на Европската Унија, ОБСЕ, РАИ и ИРИ, рече Ивановска.
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во текот на вчерашната расправа рекоа дека ќе го поддржат носењето на Стратегијата, бидејќи таа е важна за државата и од нејзините резултати ќе зависи и напредокот во евроинтеграциите, но изразија сомнеж во капацитетот на власта за нејзино спроведување.
За пратениците од власта, ова е вистинска стратегија во вистинско време, а нејзината имплементација зависи од сите.
На дневен ред на 32. седница се останати повеќе предлог законски решенија, но и годишни извештаи за работа и финаиски планови за работата на државни институции и независни регулаторни тела. За дел од точките на дневен ред расправата е завршена на некое од минатите продолженија на седницата и треба само да се гласа.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека, обвинетите негираат поврзаност со трагедијата
-

Сиљановска нема информации дека ќе се прифаќаат мигранти, вели дека лично е против
-

СДСМ прво ќе поднесе резолуција, па ќе организира протести против носење мигранти
-

10 милиони денари за проектот- „Штип безбеден град“
-

Охриѓани се хумани
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата ја продолжи постапката за разрешување на Коцевски - каков профил на човек му е потребен на ЈО?
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка од СДСМ
