-->
-->
УС Опен: Вавринка последен полуфиналист
-->

Стан Вавринка ја комплетира листата на полуфиналисти на последниот грен слем во сезоната УС Опен. Швајцарецот, во четвртфиналето, го совлада Хуан Мартин дел Потро во четири сета 7-6, 4-6, 6-3, 6-2. Кај дамите последна полуфиналистка е Серена Вилијамс, таа во три сета ја порази Симона Халеп.
Вавринка трет пат во кариерата ќе игра полуфинале на УС Опен, а во дуелот со Делпо ја забележа третата победа во седмиот меѓусебен меч.
Противник на Вавринка во полуфиналето ќе биде Кеи Нишикори кој во брилијантен меч го совлада вториот носител Енди Мари.
Во женска конкуренција последна полуфиналистка е Серена Вилијамс. Американката одигра три сета во четвртфиналето против Симона Халеп од Романија. Серена на патот до својата 23-та грен слем титула славеше со 6-2, 4-6, 6-3.
Каролина Плишкова од Чешка ќе и биде противничка на Серена во полуфиналето, додека во првото полуфинале ќе играат Каролин Вознијацки и Анжелик Кебер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Родовата еднаковст како европски стандард
-

Електронски ќе се вадат потврдите за царински долг
-

Странските студенти на УГД го менуваат фокусот, информатика пред медицина
-

Подготовки за Свети Никола во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Новогодишна елка ќе има, плоштадот ќе се украсува од понеделник
-

Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
-

Тема на денот со Трпе Стојановски, експерт за миграции
