Македонија
15. March 2021 - 10:21

Верижен судир кај Мавровка

Во сообраќајна несреќа која се случила предмалку кај трговскиот центар „Мавровка“ три возила се оштетени, а сообраќајот по едната коловозна лента се одвива отежнато, објави Алсат

Како што пишува телевизијата во несреќата нема повредени патници, но причинета е материјална штета. Се чека доаѓањето на полицијата.