Во Крива Паланка се одржа манифестацијата „Пивтијда“
Околу пет илјади кривопаланчани денеска присуствуваа на градскиот плоштад во Крива Паланка каде во организација на локалната самоуправа се одржа седмата по ред манифестација „Пивтијада“.
- Иако температурата на воздухот е околу минус десет степени, презадоволен сум што моите сограѓани ја поддржаа манифестацијата и дојдоа на плоштадот заедно да го прославиме овој голем верски празник. Ги дегустиравме пивтиите, традиционален рецепт кој речиси во скеоја куќа се приготвува за овој празник. Присутните се затоплија со чашка чај или греана ракија,наздравивме посакувајќи си здравје, среќа и бериќет во духот на христијанството и традицијата, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Оваа манифестација неколку години наназад со својата масовност му дава посебен белег на градот на Водици, рече тој, истакнувајќи дека верниците кои присуствуваат на фрлањето на крстот доаѓаат тука и се стоплуваат.
Алексовски им посака среќен празник на своите сограѓани и рече дека манифестацијата ќе продолжи да се организира и во иднина.
Инаку, за годинашната „Пивтијада“ беа приготвени околу 7.000 парчиња пивтии од страна на учениците од угостителската паралелка при Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, под менторство на професорот Дане Петровски.
Ново на Сител
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди