Овие луѓе за 25.000 евра создале совршен дом
Повеќето Македонци кои немаат своја недвижнина сонуваат за неа. Но, на овој пар од британски Нотингем поседувањето куќа или стан им било последно на целите во животот.
Со оглед на тоа дека некаде мора да се живее, а тие сакаат да патуваат, одлучиле да се вселат во дом кој можат да го преместат каде ќе посакаат.
После неколку пива одлучиле да си купат камион.
Кога следниот ден се отрезниле, Мартин Хил и Иона Стјуарт и’ понатаму биле загреани за идејата да се вселат во камион.
Саканиот дом го нашле на eBay, а пред да стане нивен, камионот што го купиле служел за разнесување леб. Ги чинел 4.670 долари. На уредување потрошиле 26.000 долари.
Работата на претворање на камионот во дом сепак не било лесно и барало потполно реновирање. Додека Мартин ги одработил сите техникалии за да камионот биде погоден за живеење на две лица, Иона се погрижила за неговото уредување. Им требале месеци, но сега имаат преубав дом на тркала кој самошто го паркирале на една планина во Франција.
Ново на Сител
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?