Трамп и Помпео ги игнорираат условите дадени од Ким
Американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео ги игнорираа условите на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Вашингтон да покаже поголема флексибилност во нуклеарните разговори до крајот на оваа година, а Помпео порача дека лидерот на Северна Кореја треба да го задржи своето ветување дека пред тоа ќе се откаже од нуклеарното оружје.
Запрашан за условите што Ким ги изнесе во петокот дека е заинтересиран за средба со Трамп само ако САД покажат „соодветен став”, Помпео рече дека претседателот е „решен да продолжи дипломатски”.
Но, тој потсети дека Ким се обврзал на денуклеаризација „и сите заедно мораме да го видиме тоа”.
– Нашите тимови работат со Севернокорејците за да го дефинираат патот по кој ќе стигнеме таму. Тој рече дека сака да се случи тоа до крајот на годината. Сакам тоа да се случи и порано, вели Помпео.
Трамп и Ким се состанаа двапати, во Ханој во февруари и во Сингапур во јуни, градејќи добри лични односи, но не успеаја да постигнат договор за укинување на санкциите во замена за севернокорејското повлекување од нуклеарната и ракетната програма.
Ново на Сител
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?